„Рапави стихови“ од Милован Стефановски
Издаваштвото „Везилка 2011” во својата едиција „Проза” го објави најновиот роман „Рапави стихови” од македонскиот писател и поет Милован Стефановски.
Ова е четврти роман на Милован Стефановски, и седумнаесетта објава во неговиот богат книжевен опус. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци” на Струшките вечери на поезијата, наградата „Роман на годината” на „Утрински весник”, како и на наградата за поема „Григор Прличев”.
Во центарот на вниманието на овој роман е времето што го живееме, со сите негови премрежја. Академик Катица Ќулавкова во поговорот оценува дека Стефановски покажува дека како автор е во постојан процес на созревање, на духовен и книжевен растеж. И не само тоа, додава Ќулавкова, во романот Стефановски ги обединува своите различни дарби, искуства и уметности, правејќи синтеза на поетскиот и раскажувачкиот опит. Романот ,,Рапави стихови” е испишан во проза, о во поттекстот и низ бројните алузии, интертекстуални парафрази и цитати, тој е концептуално замислен како проза која има ефект на поезија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа