Радев: Впишувањето на македонските Бугари во Уставот пред почетокот на преговорите
Бугарскиот претседател Румен Радев побара јасни гаранции од Северна Македонија за почитување на правата на Бугарите во државата. Тој бара пред почетокот на преговорите на земјава со ЕУ да има јасни гаранции за заштита на бугарското културно и историско наследство во С Македонија.
Радев, како што јави дописникот на МИА од Софија, ова го кажал на средбата со претставници на здруженијата на Бугарите од Северна Македонија, при што додал дека „Бугарија високо ги вреднува врските со Северна Македонија и со нејзините сонародници во неа“.
– Пред да се отвори вратата за преговори, треба да се види јасен и одржлив процес на искоренување на јазикот на омразата. Бугарија сериозно ги сфаќа проблемите на македонските Бугари и високо го цени нивното мислење како побрзо Северна Македонија да го постигне членството во ЕУ, рече тој.
Според него, тргањето на страна на политичките проблеми, порано или подоцна ќе доведе до блокирање на процесот на европска интеграција на Северна Македонија, нешто, што според него, Бугарија категорично не го сака.
– Јас барам да има јасни гаранции и одржлив процес на европската интеграција на Република Северна Македонија. Бугарија е земјата којашто сака тоа да се случи најмногу, рече Радев и додаде дека впишувањето на македонските Бугари во Уставот на Северна Македонија, освен што ќе доведе до гарантирање на нивните права, треба да биде и задолжителен услов за давање согласност од страна на Бугарија за почеток на преговорите.
Според него, тоа во никој случај не е мешање од страна на Бугарија во внатрешните работи на Северна Македонија, туку, вели тој, повеќе „загриженост и поддршка за нејзиниот одржлив пат кон членството во ЕУ“.
Ново на Сител
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми