Работната група за уставни измени најави интензивирање на работата
Работната група за подготовка на предлог иницијативата за потребата од уставни измени, за внесување на Бугарите, заедно со другите етнички заедници, што е услов за отворање на кластерите во процесот на преговори со Европската Унија, откако вчера го усвои Деловникот за работа, ќе почне да се состанува еднаш неделно, по потреба и почесто. Целта е да се изготви предлогот и да се достави до Владата во предвидената временска рамка, согласно процесите на Европската Унија.
Иако Групата нема поставено конкретно рокови, сепак, како што изјави вчера нејзината претседателка „важно е да се имаат предвид сите оние можности, кои треба да ги искористиме за да може меѓународната заедница да продолжи да работи согласно нивната агенда, во која влегуваме и ние“.
Фокусот на работата ќе биде она што значи европскиот предлог и Преговарачката рамка, односно внесување на Бугарите во Уставот, како услов за одржување на втората меѓувладина конференција и отворање на кластерите во преговорите со ЕУ. Цаца Николовска вели дека Деловникот го овозможува тоа и оти тие како група немаат неограничен мандат во однос на Уставот.
Таа вчера по завршувањето на состанокот на прашањето дали ќе се отвори темата за отстранување на „20 отсто“ од Уставот, односно во него да стои изрично албански јазик, рече дека мандатот на членовите на работната група не е неограничен, туку е во насока на европскиот предлог за продолжување на евроинтегративниот процес, во насока на решението на министерот за правда, кое, пак влече од заклучоците на Собранието и меѓународно преземените обврски на државата.
Цаца Николовска рече и дека засега не може да каже колку амандмани ќе се подготват, оти ќе се работи на Уставот во целина, односно истовремено и на преамбулата и на нормативниот дел, а одлуките во ова тело ќе се носат со мнозинство гласови.
Ново на Сител
-

Бензините поевтини за половина денар, дизелот поскап за исто толку
-

Уште еден пријавен случај на силување на малолетничка, овој пат во Скопје
-

Власта денеска поднесе иницијатива за Анкетна комисија за досегашните трагедии
-

Ученичка нападната во тетовско основно училиште
-

Пронајдена дрога кај осуденик од Идризово кој се вратил од викенд отсуство
-

Гаши им ја врати Анкетнатa за Кочани на СДСМ и Левица
-

Едногодишно бебе почина во кичевската болница
-

Ужас во Охрид: 16-годишник силувал 12-годишно девојче додека друг малолетник го снимал
