Македонија
24. November 2025 - 16:37

Власта ќе формира анкетна комисија во Собранието за сите несреќи

Власта ќе формира нова анкетна комисија во Собранието, што нема да ги испитува само околностите и одговорноста за трагедијата во Кочани, туку ќе ги разгледа и пожарот во модуларнатра болница во Тетово и автобуските несреки на БЕСА Транс и Дурмо Турс. Владејачките ВМРО ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ се решиле на ваков чекор бидејки минатонеделниот предлог на СДСМ и Левица бил фаличен во составот, а и не ги опфаќа претходните несреќи како што очекуваше власта.

Во новата анкетна комисија, според предлогот, власта ќе има мнозинство, односно седум членови ќе има ВМРО-ДПМНЕ, по двајцаќе имаат Вреди, СДСМ и Европски фронт, а по еден ЗНАМ и Левица. Телото треба да го предводи опозициски претседател, а целата своја работа треба да ја заврши за 45 дена, а извештајот ќе биде доставен до Владата и до Јавното обивнителство.

Собранискиот спокер Гаши пак, утринава го вратил претходниот предлог на СДСМ и Левица за анкетна за трагедијата во Кочани на поправка бидејки опозицијата предложила таа да има мнозинство во тело. Тие предложиле во Комисијата по четири члена да имаат СДСМ и ДУИ, Левица - еден, ВМРО-ДПМНЕ - 3, Вреди - 2 и ЗНАМ -1, што според Гаши е спротивно на Деловникот кој вели дека работните тела и анкетните комисии имаат состав пропорционален на составот на парламентот. Рокот за доуредување е 15 дена.

За опозициската СДСМ ова е обид на Мицкоски преку Гаши, како што велат, да го минира формирањето на Комсијата. Велат дека нивната инцијатива е деловничка, но сепак, ќе поднесат и нов дополнет предлог.

„Очигледно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од вистината за Кочани па затоа се измислуваат некакви деловнички изговори. Гаши им купи две недели на Мицкоски и ДПМНЕ но треба да знае дека нема бегање од вистината и од правдата.

Граѓаните, семејствата, јавноста треба да ја дознааат и ќе ја дознаат целата вистина за Кочани, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот, кои биле институционалните пропусти, какви се прекршувањата на законските одредби, како и тоа кој треба да понесе политичката одговорност “, велат од СДСМ од каде нема одговор дали ќе учествуваат во анкетната на власта. 

При поднесувањето нa нивниот предлог лидерот на СДСМ Филипче, рече дека немаат проблем да дебатираат во парламентот за која било несреќа. При тоа, тој  посочи дека не му ни битно дали ќе се работи една комисија за сите несреќи, или пак, ќе бидат сите случи во посебни тела.

Од ДУИ пак, чекаат да го видат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, но генерално велат дека немаат проблем да учествуваат.

Првата наредна седницa на која би можело да се најде формирањето на Анкетната комисија, според планот на Гаши е почетокот на декември. За тогаш и лидерот на Левица Апасиев најави дека независно од ад хок телото за пожарот во дискотеката Пулс ќе ја свика и Постојаната анкетна комисија за човекови права.