Работилница за постигнувањата и предизвиците на Статистичкиот систем
„Статистичкиот систем на Република Македонија – постигнувања и предизвици“ беше насловена работилницата што во организација на Државниот завод за статистика деновиве се одржа во Охрид.
На собирот организиран во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на статистиката, учествуваа претставници на националниот статистички систем и институциите кои се носители на административни збирки на податоци.
Главни теми на работилницата беа капацитетите и соработката меѓу сите чинители во статистичкиот систем, со посебен осврт на новите глобални цели за одржлив развој, подготовката и следењето на реализацијата на Петгодишната програма за статистички истражувања и подготовките за претстојното партнерско оценување на националниот статистички систем од страна на Евростат, што ќе се реализира во втората половина на 2016 година.
Собирот во Охрид меѓу другото е оценет како добра можност за размена на мислења и искуства, но и за активност насочена кон подигнување на нивото на соработка меѓу институциите вклучени во националниот статистички систем, сè со цел подобри статистики за подобри одлуки.
Ново на Сител
-
Светот во исчекување на инаугурацијата на Трамп
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче - Во судница се презентираат снимки
-
Обвинителството води предистрага за Груби и Беџети
-
Левица бара ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени