Работилница за поддршка на развојот на мали и средни претпријатија
Во организација на Министерството за локална самоуправа, со поддршка на УНДП, денеска е отворена третата, завршна работилница на тема „Поддршка на развојот на мали и средни претпријатија”.
Како што соопштија од Министерството за локална самоуправа, на работилницата, домашни и странски експерти презентирале анализи и препораки за моменталниот статус на бизнис инфраструктурата во Република Македонија, за улогата на малите и средни претпријатија во локалниот економски развој. Биле презентирани анализи и за функционирањето на бизнис инкубатори, технолошки паркови и центри за иновација, како и дефинирање на условите и активностите за поддршка на стартапи и приватни фондови.
Државниот секретар во Министерството, Цветановска Гугоска на отворањето информирала дека Министерството за локална самоуправа заедно со УНДП, развиле неколку клучни проекти кои што преку партнерство меѓу јавниот и приватниот сектор, се во функција на локалниот и на регионалниот развој.
- Станува збор за иновативни начини за обезбедување на услуги на бизнис секторот на регионално и на локално ниво преку Бизнис центрите воспоставени во осумте плански региони. Исто така на регионално ниво функционираат и Мрежи за инклузивен развој, се со цел да се создаде амбиент на партнерство и конкуренција сватена како колаборативна предност на планските региони, истакнала Цветановска.
Учесници на работилниците биле раководителите на Центрите за развој на планските региони и раководителите на Секторите за локален развој во општините.
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати