Работилница за енергетска ефикасност на општините
Резултатите од проектот „Промоција на енергетска ефикасност на општините во Македонија“ денеска ќе бидат претставени на работилница во организација на Агенцијата за енергетика.
Консалтинг за стратегиски развој во соработка со Светска банка и Агенција за енергетика на РМ во рамки на проектот организираат осум работилници, во секој од планските региони во Македонија. Ќе бидат споделени резултати, искуства и корисни совети од процесот на изработка на различни документи важни за енергетската ефикасност на општината, во рамки на Програмата за енергетска ефикасност на Светска банка.
Програмата се спроведува 18 месеци во периодот 2014-2016 и има цел да ја зголеми ефикасноста на користењето енергија во општините во Македонија со унапредување на капацитетот на локалните самоуправи да идентификуваат и спроведуваат енергетски ефикасни можности во општинскиот сектор. Реализацијата е преку давање поддршка на осум општини (Радовиш, Старо Нагоричане, Новаци, Кавадарци, Пехчево, Брвеница, Лозово и Росоман) да изработат различни документи кои се важни за енергетска ефикасност на општината и споделување на искуствата со сите општини во земјата.
Досега беа одржани работилници во Струмица, Штип и во Велес, а за следниот период се планирани и во Куманово, Тетово, Струга и Скопје.
Во рамки на проектот ќе биде подготвен и дистрибуиран и прирачник, наменет да ја води општинската администрација низ процесот на создавање ефикасна и остварлива програма за енергетска ефикасност и нејзина примена.
Ново на Сител
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Teма на денот со Петар Богојески, директор на Агенцијата за европски образовни програми
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Претседателката на ДКСК во Обвинителството
-
Земале мито, па изготвувале документација за наводни прегледи, контроли и извештаи за издавање инвалидска пензија и туѓа нега за лице
-
Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води Обвинителството, не Владата, 68 лица се опфатени
-
Таравари: Ако не му требам на Мицкоски подготвен сум да одам во опозиција
-
Потешко повредените во пожарот во Kочани остануваат на лекување во странство