-->
-->
Путин го прими специјалниот прaтеник на САД, Виткоф, јавија руските медиуми
-->
Рускиот претседател Владимир Путин го прими специјалниот пратетеник американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф. Средбата се одржува во Кремљ, јавија руските медиуми, повикувајќи се на прес-службата на рускиот претседател.
Ова е петта посета на Виткоф на Русија од почетокот на годината. Последен пат специјалниот пратеник на американскиот лидер пристигна во Москва на 25 април, а пред тоа, на 11 април, беше во Санкт Петербург. Путин се сретна со него двапати.
Светските агенции потсетуваат дека Трамп ѝ даде рок на Русија до петок да се согласи да стави крај на војната во Украина или во спротивно ќе ѝ бидат воведени нови санкции.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа