Пукање со пиштол при кавга во кочанското село Пантелеј
Вербална расправија меѓу две лица што се случила вчера попладне во кочанското село Пантелеј довела до меѓусебна пресметка, при што е употребен и пиштол. Според првичните сознанија, а што ги потврди и СВР – Штип, од истрелот од огненото оружје нема повредени лица.
– На 26 април, околу 15.30 часот во Полициската станица во Кочани е пријавено дека во дворното место од викендичка, сопственост на С.Г. од Кочани настанала физичка пресметка меѓу 61-годишниот З.Н. од селото Пантелеј и 24-годишниот А.Н. од Скопје. Притоа А.Н. испукал куршум од пиштол во вратата од викендичката, но нема повредени, истакна Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.
Заради расчистување на околностите што довеле до настанот, полициски службеници направиле увид на местото, а за случајот е известен и основниот јавен обвинител од Кочани, по што се очекуваат соодветни законски мерки.
Ново на Сител
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони
-
Костадиновски: Уставниот суд е најнереформирана институција од независноста на Македонија
-
Ако маркетите драстично ги зголемат цените ќе следуваат поригорозни мерки
-
Спречен колапс на македонскиот електросистем за време на велигденските празници
-
Наставниците стравуваат дека ќе останат без работа со новиот закон за основно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?