-->
-->
Пуџдемон и министрите пред белгиски суд на 17 ноември
-->
Отстранетиот од власт каталонски лидер Карлес Пуџдемон и четворицата негови поранешни министри на 17 ноември треба да се појават пред белгиски суд, што ќе биде прво нивно сослушување откако белгиските власти синоќа ги пуштија на условна слобода.
Канцеларијата на Обвинителството во Брисел соопшти дека сослушувањето ќе биде одржано зад затворени врати и наведе дека тогаш најверојатно ќе се знае дали тие можат да бидат екстрадирани во Шпанија.
Пуџдемон и четворицата поранешни министри ќе имаат право на жалба на евентуалната одлука за испорачување, а ако и кога ќе се исцрпат сите правни средства, во Белгија можат да останат до јануари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници
-
Владата започна со презентирање на оперативен план за активни програми и мерки за вработување низ општините
-
Шест нови сензори ќе го мерат загадувањето во Струмица
-
Црвен Крст Охрид почна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода
-
Голем дефект на прилепскиот хидросистем го остави полето без вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Извештајот на Вајц е победа за македонската дипломатија