Прв официјален состанок на Ангеловска со Мантованели

Земјава бележи поинтензивен раст на инвестициите во уделот на БДП, континуиран силен раст на извозот, засилено кредитирање на приватниот сектор и пад на невработеноста на 17,5 проценти. Сето ова претставува реална основа за остварување на проектираниот економски раст за 2019 година од 3,5 проценти, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на денешниот прв официјален состанок со директорот на Канцеларијата на Светска банка, Марко Мантованели.
Една од темите на состанокот, како што соопшти Министерството за финансии, беше Стратегијата со која во наредниот четиригодишен период е предвидено земјава да реализира проекти вредни вкупно 420 милиони долари.
Ресорните министерства заедно со Светска банка веќе работат на проекти во рамки на четиригодишната Стратегија за партнерство, укажа Ангеловска. Стратегијата е насочена кон подобрување на конкурентноста на приватниот сектор преку инвестиции во инфраструктурата, кон развој на човечкиот потенцијал преку инвестиции во образованието, како и кон зајакнување на управувањето со јавните финансии и поголема одржливост на енергетските извори.
-Во Светска банка гледаме долгорочен верен партнер. Благодарение на неа нашите деца учат во нови градинки, училишта, имаме нови патишта, водоводи. Бенефитите ги чувствуваат сите, од земјоделците до наставниците и здравствените работници. Во изминатите 26 години создадовме верен пријател кој ни помагаше и ќе ни помага на патот кон промената кон која целиме. Затоа заедно ќе продолжиме да работиме со уште позасилено темпо со цел позитивни промени и иновации што ќе придонесе за подобрување на животниот стандард на сите граѓани, рече министерката на состанокот.
Со Мантованели разговараа и за аналитичките и советодавните услуги што ги обезбедува Банката.
Светска банка од 1993 година има инвестирано над две милијарди долари во проекти кои го поддржуваат економскиот раст.
Ново на Сител
-

Додик му се заблагодари на Трамп за укинување на санкциите кон него и неговите соработници
-

И во Реал Мадрид има незадоволни
-

Израел соопшти дека ќе го почитува примирјето во Газа по воздушните напади со над 100 жртви
-

САД ги укинаа санкциите против Додик
-

Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
