Протест против загадувањето на воздухот
Протест против загадувањето на воздухот во Скопје. Граѓани со свирчиња и транспаренти на кои пишува „Сакаме чист воздух“, „од смогот не се гледа иднината“ маршираа низ скопските улици.
Се собраа пред министерството за животна средина, тргнаа кон Собранието, оттаму пред Влада и завршија пред бараките на Град Скопје.
По пат, кон демонстратите се приклучија и оние кои не знаеле дека има протест и излегле да го искористат сончевиот ден, па кога видоа дека се протестира, дојдоа и тие.
Од Зелен хуман град рекоа дека поминале две недели откако ги доставиле барањата до институциите, но одоговор се уште не добиле.
Ги повторија главните четири барања.
Ова е втор протестен марш против аерозагадувањето во Скопје месецов.
Институтот за јавно здравје на почетокот од годинава објави извештај според кој речиси 18% од вкупната смртност во Македонија може да се препишат на изложеноста на тековните концентрации на ПМ2.5 честички.
Претходно УНИЦЕФ објави алармантна статистика дека секој деветти смртен случај кај новороденчиња во земјава е поврзан со загаден воздух.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар