Пропадна мисијата на Мекалистер и Фленкенштајн за политичката криза во Албанија
Европските пратеници Кнут Фленкенштајн и Дејвид Мекалистер и по повеќечасовни разговори не ги убедија власта и опозицијата во Албанија да седнат на една маса и преку дијалог да ги надминат несогласувања.
Двајцата во Тирана пристигнале со документ, подготвен од страна на амбасадата на САД, мисијата на ЕУ и на ОБСЕ во Тирана, во кој се предвидени неколку прашања што предвидуваат подобрување на изборните стандарди, но не го содржи и барањето на опозицијата за техничка влада,
- Петчасовни интензивни средби и разговори, но без заеднички продукт. Првата средба Мекалистер, од десницата и Фленкенштајн од левицата на ЕП, ја имаа со премиерот Еди Рама и спикерот на парламентот Илир Мета. Тие биле запознати со документot и оцениле дека е добра основа за дијалог со опозицијата. Потоа следуваше средба со опозицскиот лидер Љуљзим Баша, за кого ововј документ не претставува решение. Тој не отстапил од цврстиот став дека единствена основа за дијалог е формирање техничка влада, јави тиранската телевизија Топ чанел.
Документот, според владини извори, опфаќа неколку прашања, кои според европратеницте треба да ја зголемат довербата во изборниот процес.Три од нив се: на опозицијата да и се отстапи претседателското место во Централната изборна комисија, да добие неколку високи функции во Мнистерството за внатрешни работи, како и измени во изборниот законик со многу повисоки казни за купување гласови.
Доцна синоќа остварени се и одделни средби, Мекалистер со десницата, додека Фленкенштајн со левицата (власта). Средбата Мекалистер-Баша траела половина час, на која Баша не се откажал од техничката влада.
Владините претставници малку подолго се задржале на средбата, бидејќи бил кажан ставот на опозицијата. По средбите, ни Баша, а ни Рама и Мета не дадоа изјави, одбегнувајќи ги новинарите.
Владини извори за Топ чанел потврдиле дека олеснувачите од ЕП предложиле одлагање на парламентарните избори за еден месец, односно наместо на 18 јуни да се одржат на 18 јули, како и измени во владиниот кабинет со поставување технички министри.
Предлогот го прифатил Илир Мета, додека Еди Рама ниту се согласил, ниту се спротвставил, но кажал дека може да се разговара за одлагање на избори, но само во рамки на одредбите од изборниот законик, но под услов да се донесат законите од правосудството што ги бара Брисел.
Ново на Сител
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел
-
Трет ден конфликт меѓу Израел и Иран, Трамп и Путин ја оценија состојбата како „многу алармантна“
-
Кочани на приоритетната листа за министерот за здравство - Алиу вели дека нема да оперира, туку ќе менаџира со системот
-
Процесот на рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани е долг, скап и макотрпен
-
Обвинителството им стои на располагање на семејствата на жртвите
-
Зајкова бара собраниска седница зад затворени врати за престојниот НАТО Самит
-
Откриени 5 гробници издлабени во камен на локалитетот Крклари дел од заштитеното подрачје Маркови Кули