Проодни сите патни правци во Гевгелија
Екипи на јавното комунално претпријатие во Гевгелија, по новите снежни врнежи изутринава, со специјални возила за оваа намена ги поминаа главните сообраќајници фрлајќи сол и ризла кои овозможија сообраќајот непречено да се одвива во градот.
Локалните патишта, исто така, се проодни и по нив сообраќајот се одвива внимателно и забавено. Комуналците потенцираат дека заедно со концесионерите се подготвени да дејствуваат и при пообилни врнежи од денешниве и оти имаат доволно сол и песок.
Ниските температури предизвикаа проблеми во водоснабдувањето. Според информациите од регионалниот Центар за управување со крици во Гевгелија, поради дефекти на пумпите на потисните цевководи по неколку часа без вода за пиење биле Невропсихијатриската болница во Негорци и селото Смоквица. Дефектите се отстранети и водоснабдувањето е целосно нормализирано. Екипите на „Комуналец“ интервенирале и кај 22 семејни објекти кои пријавиле дефекти од замрзнување на водоводните цевки.
Ново на Сител
-
Злато и сребро за македонските натпреварувачи на џуи џицу Меѓународен турнир во БиХ
-
Бетербиев нов апсолутен боксерски првак во полутешка категорија
-
Модриќ го прескокна Рамос, пред него само Роналдо
-
МВР: Санкции поради неправилности при вршење јавен превоз со автобус
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ само бараат причина за дестабилизација
-
За еден ден три лица каснати од кучиња скитници во Скопје
-
Загина велосипедист во Гостивар
-
СДСМ: Шефот во ЈПДП не плаќа патарини