Со комеморација претседателката Сиљановска-Давкова се прости со Салмонд кој почина во Охрид
Со комеморација претседателката Сиљановска-Давкова се прости со поранешниот шкотски прв министер Алекс Салмонд кој почина на Школата за млади лидери во Охрид.
-Искрено сочувство по повод смртта на поранешниот прв министер на Шкотска Алекс Салмонд кој вчера почина во Охрид за време на Вториот Форум за културна дипломатија што се одржа во ко-организација на Кабинетот на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов, заедно со Институтот за културна дипломатија од Берлин, Градот Скопје и Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“. Моите мисли се со неговото семејство и најблиските во овој тежок период. Нека почива во мир, вели Сиљановска Давкова.
И поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов, кој е покровител на Школата за млади лидери изрази сочувство.
-Нашите мисли се со неговото семејство и неговите сакани во ова тешко време. Нека почива во мир, вели Иванов.
Со Салмонт се простија и британскиот крал Чарлс кој вели дека заедно со кралицата биле тажни што слушнале за смртта на поранешниот шкотски премиер.
-Неговата посветеност на Шкотска ја движеше неговата децениска јавна служба Изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство и најблиските во овој момент, вели кралот Чарлс.
Телото на поранешниот шкотски прв министер е предадено на обдукција. Но според информациите од МВР, му се слошило и починал на местото. Лекар од Итната медицинска помош само констатирал смрт.
Салмонд беше на чело на Шкотска од 2007 до 2014 година. Го предводеше движењето за отцепување од Обединетото кралство на неуспешниот референдум кој се одржа во 2014. Си поднесе оставка откако 55% од граѓаните гласаа Шкотска да остане дел од Кралството.
Неговата партија ја донесе на власт седум години откако се повлече од функцијата – претседател на СНП, партија со која раководеше од 1990 до 2000 година.
Откако се разиде со неговата наследничка, Никола Старџен формираше алтернативна партија наречена Алба, која го поддржува отцепувањето на Шкотска од Обединетото Кралство. Смртта на Салмонд денеска е број 1 вест во медиумите на Островот кои пренесуваат за неговата јавна служба, но и последните пораки кои ги испраќаат политичарите од Британија.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар