Фетаи: Во Академијата за судии и јавни обвинители веќе нема да има политизираност
Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи на денешната прес-конференција прашан за коментар во врска со случајот на неизбирањето на директор во Академијата за судии и јавни обвинители, посочи дека не може да се меша во работата на независните органи. Сепак, додаде дека во минатото оваа Академија се соочувала со голема политизираност, напоменувајќи дека во иднина ќе има транспарентни процеси на избирање на членови во ваквите институции.
-Како вицепремиер и Влада не сакаме да се мешаме во работата на независните органи. Ние имаме ветување пред меѓународните партнери во рамките на реформската агенда со ЕУ за системски реформи во правосудниот систем. Ќе има сеопфатен процес кој ќе биде консултативен со заинтересираните странки и ќе излеземе со најдобрите можни решенија, вклучувајќи ја и Академијата, рече Фетаи.
Тој додаде дека во иднина ќе има транспарентни процеси за избирање на кандидати во академии, соодветно на нивните квалификации, потенцирајќи дека нема да има случаи каде членови ќе стануваат луѓе без положен правосуден тест.
Ново на Сител
-
Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени
-
Автомобил излета кај Мавровка, повредени две лица
-
Нови врнежи претежно од снег од понеделник и средина на работната недела
-
Во завршна фаза се активностите за санација на главниот градски водовод
-
Сите патни правци во државава се проодни
-
Обвинителството ги истражува причините за смртта на професорот Кожухаров, декан на Економски факултет Скопје
-
Во Белград убиен 27-годишник
-
Институтот за јавно здравје издаде препораки за безбедна употреба на вода по прекинот на водоснабдувањето