Проодни сите патни правци во Гевгелија
Екипи на јавното комунално претпријатие во Гевгелија, по новите снежни врнежи изутринава, со специјални возила за оваа намена ги поминаа главните сообраќајници фрлајќи сол и ризла кои овозможија сообраќајот непречено да се одвива во градот.
Локалните патишта, исто така, се проодни и по нив сообраќајот се одвива внимателно и забавено. Комуналците потенцираат дека заедно со концесионерите се подготвени да дејствуваат и при пообилни врнежи од денешниве и оти имаат доволно сол и песок.
Ниските температури предизвикаа проблеми во водоснабдувањето. Според информациите од регионалниот Центар за управување со крици во Гевгелија, поради дефекти на пумпите на потисните цевководи по неколку часа без вода за пиење биле Невропсихијатриската болница во Негорци и селото Смоквица. Дефектите се отстранети и водоснабдувањето е целосно нормализирано. Екипите на „Комуналец“ интервенирале и кај 22 семејни објекти кои пријавиле дефекти од замрзнување на водоводните цевки.
Ново на Сител
-
Уште еден посилен земјотрес регистриран вечерва кај Врање
-
Македонската репрезентација ја совлада Ерменија и обезбеди пласман во Б дивизијата во Лигата на нации
-
Мајката на едно од убиените деца во „Рибникар“: Момчето-убиец имаше безизразно лице, како возрасните не го забележаа тоа?
-
Малолетник нападнат на автобуска постојка на Бит Пазар
-
Кривична пријава против едно лице за предизвикување опасност за животот и здравјето на луѓето
-
Продолжуваат градежните работи на новиот парк во Карпош
-
Кремљ: Путин е отворен за дијалог со Шолц
-
Арсовска од Брисел: Локалната власт се соочува со политичко мешање