Македонија
6. April 2025 - 17:19

Пронајдено залутано лице кај Мрежичко на Кожуф

Ефикасно и брзо е пронајдено залутано лице кај Мрежичко на Кожуф, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во 13:15 часот денеска на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, добиена била пријава за залутано лице на планината Кожуф, во близина на селото Мрежичко.

- Лицето било планинар од Скопје, кое претходната ноќ ја преспало во планината. Поради лошите временски услови и наросувањето од снег, загубило ориентација и решило да побара помош од службите, појаснуваат од ЦУК.

Надлежните биле информирани од страна на ЦУК.

Како што наведуваат од ЦУК, со брза и координирана интервенција дошло до успешно пронаоѓање на лицето.

Во потрагата, меѓу другите, вклучен бил и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.