Пронајдена дрога во Битола, приведени две лица
Две лица се приведени во Битола откако кај нив е пронајдена дрога, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
- Вчера полициски службеници од СВР - Битола го лишиле од слобода З.Б., на возраст од 31 година од овој град, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана.
Истиот ден, при лишувањето од слобода на З.Б., тој бил заедно со В.М., на возраст од 28 години од Битола и при претрес на патничко возило „хјундаи" со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.М., биле пронајдени прашкаста и растителна материја, по што и В.М. е лишен од слобода, појаснија од МВР.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Фетаи и Алиу со ново крило во ВРЕДИ
-
ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба
-
Креативна дипломатија во Виена!?
-
И покрај зголемените казни, пиротехника користена во спортска сала
-
ЕУ со хуманитарна трка за Кочани
-
Да не бидеме пасивни набљудувачи на врсничкото насилство
-
СДСМ обвинува за спорни тендери во МВР
-
ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите криминали во здравството во времето на Филипче