Да не бидеме пасивни набљудувачи на врсничкото насилство
Не смееме да бидеме неми или пасивни набљудувачи на врсничкото насилство алармираат психолозите. Тие посочуваат дека треба веднаш да се пријавуваат ваквите појави на насилство кај малолетнците кои за жал постојано се зголемуваат и несомнено оставаат долгорочни последици, но и лоша слика за целокупното општество.
Според статистиките децата насилство манифестираат од 4-5 годишна возраст. Социјално исклучување, вербално, па дури и физичко малтретирање, исмејување, заканување… Сите овие форми стануваат сè позачестени кај средношколците, а жртви се еднакво и момчињата и девојчињата.
Според податоците на подрачјето на Охрид и Струга лани и почетокот на оваа година случени се 47 кривични прекршочни дела сторени од 29 малолетни лица.
Врсничкото насилство не застанува само во училиштата, туку продолжува да ги следи децата во домот, преку социјалните мрежи.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар