Промовирана збирка афоризми „Балканска трансверзала“
Во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница денеска беше промовирана збирката афоризми „Балканска трансверзала“ во која се застапени врвните балкански мајстори на афоризмот Драгутин Миниќ Карло, Васил Толевски, Александар Чотриќ, Миле Ѓорѓијоски и Бојан Љубеновиќ.
- Ова е втора книга во едицијата „Балканска сатира“ на Интернационалниот фестивал за хумор и сатира „Ин Виница веритас“ чиј издавач е Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница. Во оваа книга која предизвика голем интерес помеѓу љубителите на сатирата на Балканот и пошироко направен е избор од преку илјада афоризми од творештвото на авторите застапени во неа, истакна Миле Ѓоргиоски, карикатурист и уредник на изданието.
„Балканска трансверзала“ е двојазично, македонско-српско издание, а се планираат и наредни изданија во кои покрај македонски ќе има и сатиричари од други држави.
Рецензент на книгата е српскиот антологичар и писател Витомир Теофиловиќ, а илустрациите се на познатиот македонски акрикатурист Миро Геогриевски. Збирката афоризми „Балканска трансферзала“ идниот месец ќе биде промовирана и во Србија.
Ново на Сител
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра