Промоција на стрип-сликовницата „Девојче на Месечината“
Во Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе промовирана стрип-сликовницата „Девојче на Месечината“, комплетно дело на авторот Александар Стеванов, која е најново издание на издавачката куќа „Стрип квадрат“ од Скопје.
- „Девојче на Месечината“ е патешествие на едно мало девојче низ Галаксијата, разните созвездија на небото, и патот до вистината. Префинетоста во расказот на суптилен начин потсетува на Егзипери и неговиот мал принц, а илустрациите ни отвораат еден прекрасен фантастичен свет. Авторот Александар Стеванов на мошне интересен начин успева да нè заинтригира за вселената, за отвореното небо и ѕвездите, и преку оваа приказна да ни ги збогати знаењата за нив. Сликовницата изобилува со прекрасни илустрации, исполнети со вистински соѕвездија, а во внатрешноста содржи и самолепливи сликички, кои ќе понудат прекрасно изненадување за децата, соопшти издавачот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини
-
Задутре почнуваат новите правила за влез и излез од ЕУ
-
Се зголемува бројот на граѓани кои бараат психијатриска помош по трагедијата во Кочани