Променливо облачно со повремен дожд и ветер, а на планините снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец (наместа над 80 км/ч). Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во петок во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер, а попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни ( над 30л/м2). Во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка.
Ново на Сител
-

Годинава во Македонија регистрирани се 38 нови случаи со ХИВ/СИДА
-

Поради градежни активности Гостивар остана без вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест на пензионерите пред Уставен
-

Почнаа да снимаат камерите - казни од следниот месец
-

Реформската агенда и Берлинскиот процес на дебата во Собранието
-

СДСМ: Разузнавач вработен во фирмата која го добила тендерот
-

Андоновски: Над 20.000 студенти ги искористиле ваучерите
