Македонија
13. January 2020 - 16:42

Производителите на медицински канабис реагираат на неусвојувањето на измените на законот за извоз на сув цвет

Одгледувачите на медицински канабис повторно излегоа на протест. Овој пат своето незадоволство го насочија кој опозицијата, која е против усвојување на законот со кој се регулира прозиводство и извоз на сув цвет. Се заканија дека ќе го истурат канабисот, доколку законот не  се изгласа.

И странските инвеститори апелираат пратениците да дадат зелено светло за законот, кој според нив нуди многу можности за производителите.

Токму законот за опојни дроги кој влезе во собраниска процедура минатиот четврток ги скара власта и опозицијата. Според опозицијата корист од законските измени би имале  само поединци. За власта нема ништо спорно да се донесе законот