Проект за меѓукултурен дијалог во организација на здружението „Ан блок“
Здружението на граѓани за култура и уметност „Ан блок“ Скопје од утре и во наредните четири дена во Крушево ќе го реализира проектот „Меѓукултурниот дијалог - инструмент за мир” финансиски помогнат од Влада на Република Македонија.
Проектот е поддржан и ќе се реализира во соработка со неформална група на граѓани и владини и невладини институции, а се вклучува во иницијативата на УНЕСКО за градење култура на мирот.
Ќе се реализираат повеќе активности чија главна цел е почитување на културните разноликости кои се фактор за развој на општеството и демократијата.
Проектот ќе опфати социоработилници, трибина за меѓукултурниот дијалог на која ќе бидат претставени и афирмирани културите на Македонија, Полска, Хрватска и Франција, со посебен акцент на обичаите и носиите, како и народна музика, песна и танц од поднебјата на овие земји. Ќе има и творечка работилница на која ќе се изработуваат уметнички дела и ракотворби, како и посета на културно-историските споменици и староградска куќа во Крушево.
Ново на Сител
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“
-
Владата ја запира постапката за разрешување на државниот обвинител
-
И угостителски и државни објекти за време на мораториумот ќе треба да отстранат неправилности
-
479 градежни фирми остануваат без лиценцата од министерство за транспорт
-
Мицкоски им врати на ДУИ - наместо сочувство ја политизираат трагедијата
-
Собранието ги откажа сите активности и оваа недела
-
Европски земји понудиле помош за подолготрајна рехабилитација на потешко повредените