Продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април
Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судњето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и за денеска е предвидено да бидат сослушани двајца сведоци предложени од одбраната, кои требаше да дадат искази на минатото рочиште, кое беше одложено поради некоординираност на судот, бидејќи еден од обвинетите беше на друго судење.
За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена и треба да продолжи по еден месец.
Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.
На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.
Ново на Сител
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер