Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
Во изминатито деноноќие до Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи имало вкупно 2 028 повици од коишто „реални“ повици биле 58,68%, а 41,32%% биле за други потреби на граѓаните.
Како што соопшти ЦУЈ, за полицијата биле упатени 74,43%, кон Итната медицинска помош 20,82%, а кон пожарникарите 2,89% од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Преку Eдинствениот повикувачки број за итни повици 112, во текот на вчерашниот ден биле добиени повеќе од стотина пријави за поставени бомби во средните и основните училишта во државата. Пријавите за бомби веднаш се проследени до Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка, по што преку оперативни методи на терен, од страна на МВР, е констатирано дека се лажни.
Пожари на отворено имаше вкупно осум (8) во последното деноноќие на територијата на државата, при што сите се изгаснати од страна на пожарникарите. Паралелно се гаснеле и пожари во населени и урбани места за што информираат регионалните центри за управување со кризи на ЦУК.
- Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Прилеп, од 12.55 до 13.55 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалена дива депонија во близина на гарнизонот во Прилеп (Општина Прилеп), РЦУК Струмица, извести дека ТППЕ Валандово, во која се наведува дека во период од 00.12 до 02.00 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале за гаснење пожар на депонија во с.Брајковци (Општина Валандово). РЦУК Охрид, ја пренесува информацијата од ТППЕ Охрид, дека од 17.55 до 19.30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена сува трева во с.Издеглавје. Во период од 19.30 до 21.45 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена сува трева во с.Белчишта (Општина Охрид), се посочува во информацијата од ЦУК.
РЦУК Велес информирала дека ТППЕ Свети Николе, од 13.31 до 14.15 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација, суви трски и грмушки на вкупна површина од околу 2-3 декари во месноста „Дудин Дол“, што се наоѓа помеѓу Свети Николе и с. Црнилиште (Општина Свети Николе).
РЦУК Штип, известила дека ТППЕ Кочани, дека од 14.00 до 15.45 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалено стрниште во атар на село Прибачево. Опожарена е површина од 1,5 хектар (Општина Кочани).
РЦУК Тетово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Тетово, дека од 18.00 до 18.40 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на „Џезо Петрол“ во с.Желино (Општина Тетово). ТППЕ Гостивар, од 16.24 до 17.00 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале за гаснење запалено ѓубре во близина на „Аква Терм“ (Општина Гостивар)
Регионалниот ЦУК Скопје, информирале дека поради дефект на рампа на железничкиот премин кај Кванташки Пазар, од 16.46 до 17.42 часот, железничкиот сообраќај бил во прекин, според координативната оперативна комуникација со Македонски железници.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Ново на Сител
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор
-
Александар-Арнолд може да го пропушти дербито против Евертон