Продолжува лекарскиот скрининг на населението во Трубарево, вчера прегледани 111 лица
Во Трубарево денеска продолжува дводневниот лекарски скрининг на населението, што го спрроведува Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија.
Според првичните податоци од терен, на двата пункта, вчера во првиот ден се прегледани вкупно 111 лица – 56 лица на Пункт 1 и 55 лица на Пункт 2. Пациентите се генерално во добра здравствена состојба, но кај 11 лица е утврдено присуство на иритации и надразнување во грлото, поради што тие се упатени на дополнителни испитувања во Клиниката за пулмологија, соопшти Министерството за здравство.
Скринингот опфаќа клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет, со цел да се утврди здравствената состојба на локалното населениe по големиот пожар во Трубарево на 13 септември.
МИА
Ново на Сител
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познат изгледот на гласачкото ливче
-
Уставен нема да поведе постапка за иницијативата на ДУИ
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познато гласачкото ливче за 19 октомври
-
Мицкоски најавува серијал случаи за работата на судии и обвинители
-
Лекарски прегледи во Трубарево по големиот пожар
-
Стручна комисија го испитува случајот со смртта на седумгодишното девојче во тетовската болница