Ждрепка во ДИК, познат изгледот на гласачкото ливче
Познат изгледот на гласачкото ливче за изборите на 19 октомври. Државната изборна комија спроведе ждрепка за редните броеви што ќе ги носат учесниците на локалните избори. Првите 9 места се резервирани за парламентарните партии. Коалцијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе под реден број 9, додека онаа на СДСМ под реден број 5. Интегративците на Ахмети ќе бидат под реден број 4, додека пак, Влен под реден број 7.
На овие локални избори во сите 80 општини и градот Скопје ќе има вкупно 151 различен учесник. Најдолги ќе бидат гласачките ливчиња за градоначалник и совет за скопјани, каде ќе има по дури 17 односно 20 различни носители. Подолги ливчиња ќе имаат и кумановци, битолчани, прилепчани.
Направена е и распределба на платеното политичко рекламирање. Според изборните правила, право на ваква реклама имаат двете најголеми партии на власт, двете најгполеми партии во опозиција, парламентарните партии со помалку од 4 пратеника и вонпаралемтарните учесници на изборите.
Тоа значи дека без платена реклама од државата ќе останат два големи субјекти: ЗНАМ и Левица кои имаат по дури 6 пратеника, но не влегуваат во ниедна категорија што ја предвидел Изборниот законик. Од ДИК и АВМУ велат дека ваквиот недостаток може да го реши само Собранието со законски измени.
Според буџетот за изборите, за рекламирање на учесниците на изборите се предвидени околу 7 милиони евра.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар