Продолженија на три седници во Собранието
Во Собранието на Република Македонија денеска се закажани продолженија на три седници – 20., 25. и 29. седница.
Единствена точка на дневен ред на 20. седница е Предлог-законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, по скратена постапка.
На дневен ред на 25. седница се Предлог-законот за задолжување со заем кај Европската банка за обнова и развој за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството, поднесен од група пратеници, сите по скратена постапка.
На продолжението на 29. седница, пратениците ќе дебатираат за Предлог-законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за библиотеките и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законoт за заштита на културното наследство, сите по скратена постапка.
Ќе заседава и собраниската Законодавно-правна комисија.
Ново на Сител
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели