Продолжение на амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

Трето продолжение на амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2015 треба да одржи денеска собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Второто продолжение на расправата Комисијата ја одржа во саботата. Поднесени се над двесте амандмани и тоа од пратеничката група на ДПА и независната пратеничка Роза Топузова Каревска.
Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, причина за ребалансот на Буџетот за 2015 година се остварените повисоки приходи кои со ребалансот се преточуваат на расходната страна за политики, мерки, активности и проекти кои беа најавени.
Појасни дека нема да има кратење кај ниту еден буџетски корисник, туку со ребалансот ќе се интензивира реализацијата на повеќе проекти, меѓу кои гасификацијата, изградбата на водоводи и канализации, изградба и реконструкции на училишта и слично.
Со ребалансот на Буџетот се обезбедуваат и дополнителни средства за мерките и политиките во делот на социјалната заштита на населението, особено за ранливите категории. Очекувањата се дека предвидените проекции во ребалансот да ја одиграаат својата улога и да обезбеди развојна компонента и да ги заштита сите социјални категории.
Според деловникот на Собранието, расправата во ова матично тело треба да заврши за 10 работни денови, по што ќе биде проследен на пленарна седница.
Ново на Сител
-

Македонија одбележа 25 години од резолуцијата 1325 на ОН - „Жени, мир и безбедност“
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Гласајте по сопствено убедување
-

Серија проекти и мерки по изборите
-

Сиљановска: Жените да бидат вклучени во процесот на одлучување
-

Заплениети 130 килограми марихуана на Табановце
-

Неопходна е стратегија за спас на Преспанското езеро
-

Преглед на вестите од светот
