Продажна изложба на проекти од областа на креативните индустрии
Во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ утре напладне ќе биде отворена продажна изложба на дел од проектите од областа на креативните индустрии кои беа финансиски поддржани од Министерството за култура во 2015 година.
Ќе бидат изложени парчиња накит, облека, мебел и други дизајнерски производи со практична и применлива вредност, создадени од 17 млади креативни практичари. Продажната еднодневна изложба ќе биде отворена до 20 часот.
Министерството за култура од 2013 година објавува Годишен конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на креативните индустрии, кој наиде на исклучително позитивен одѕив кај македонските креативци.
Досега се поддржани повеќе од 200 проекти, а целта е да се поттикнат младите луѓе да го развиваат својот креативен потенцијал и иновативни размислувања, да се анимираат и охрабрат креативците од своите идеи да искреираат оригинални и уникатни дизајнерски производи.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми
-
Ребаланс – па локални избори! Мицкоски најави 3 инвестиции во Штип и над 1.000 вработувања
-
Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници