Продажбата на мали оружја и лесно вооружување за земјите од Блискиот Исток е удвоена во 2013 година
Продажбата на мали оружја и лесно вооружување (МОЛВ) за земјите од Блискиот Исток се зголеми двојно во 2013 година, во споредба со претходната, за време на конфликтите во регионот, покажува истражувањето, кое беше објавено вчера.
Во меѓувреме САД биле истовремено најголеми извозници и увозници на оружје како пиштоли, пушки и ловечки пушки, муниција и противтенковски гранати, според извештајот на независниот истражувачки проект „Њабљудување на малите оружја“.
Увозот на МОЛВ во Блискиот Исток прерасна од 342 милиони долари во 2012 година, на 630 милиони долари во 2013 година - последната година за која има достапни податоци, покажува истражувањето.
Николас Флоркин, еден од авторите на истражувањето изјави дека зголемувањето на увозот на слични оружја во Блискиот Исток се совпаѓа со експанзијата на конфликтите во Сирија, Иран, Либија и Јемен.
Тој истакна дека има докази за трансфер на мали оружја без дозвола од земјите увознички во некои од конфликтните области.
Истражувачки екипи на ОН откриле пиштоли и муниција во Либија, кои останале таму од другите земји во регионот, каде што првично биле увезени со кршење на меѓународното ембарго за оружје против Либија.
Со продажба од 1,1 милијарди долари, во 2013 година САД биле најголеми извизници на МОЛВ.
Ново на Сител
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија
-
Свечља: Вучиќ ќе биде затворен ако се обиде без дозвола да влезе во Косово
-
ИНСТАТ ја коригираше грешката, на прегледот за пописните резултати напиша Македонци
-
До 14 часот на изборите за нов лидер на СДСМ гласале 28,61 отсто од регистрираните избирачи
-
Мицкоски на средба со Перински и Димитриеска Кочоска: Со ребаланс на буџетот ќе обезбедиме 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините
-
Бериша: Албанија нема повеќе од 1,4 милиони население