Приведени возачи во Куманово, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената
На 05.10.2025 во 17:00 часот на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода С.Л.(18) од Скопје. При контрола на патниот сообраќај е констатирано дека С.Л. управувал патничко возило „сеат“ со брзина од 99 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
На 05.10.2025 во 23:20 часот на патот Куманово – Крива Паланка, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.М.(60) од Кратово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно „застава“, управувано од З.М. и по преземени мерки е констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,03 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод
-
СДСМ на граѓанска трибина во Карпош
-
Тема на денот со Драган Ѓилас, претседател на ССП и лидер на опозицијата во Србија
-
„Имаше експлозија и голема поплава“, сведочат граѓани за пукањето на водоводната цевка во Влае
-
Мега паркови и еко-мерки дел од ветувањата од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ
-
Филипче: Власта ги злоупотребува државните институции во кампања
-
Ветувања за подобра инфраструктура во скопски Чаир
-
Предизборна кампања на независните кандидати и помалите партии