-->
-->
Приведени крадци од Скопје
-->
На 12.11.2021 во Скопје, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари и Полициската станица Бит Пазар ги лишиле од слобода А.А.(53) од Скопје и Е.Ќ.(33) од Косово. Тие се сомничат дека на 25.10.2021 одзеле пари, мобилен телефон и други предмети од домот на А.М.(40) на ул."Козара" во Скопје. Кај Е.К. биле пронајдени дел од одземените предмети.
Во врска со случајот, денеска (13.11.2021) во Полициската станица Бит Пазар била повикана А.Д.(52) и од неа биле одземени дел од одземените предмети, кои ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против трите лица ќе бидат поднесени пријави за сторени кривични дела тешка кражба и прикривање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга