Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење
Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово вчера во 10 часот го лишиле од слобода А.Р.(19) од село Синичане поради пребрзо возење.
Како што соопшти МВР, на автопатот Скопје - Тетово тој управувал патничко возило „голф“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 171 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 100 километри на час.
-Во 18 часот, пак, на патот Гостивар - Тетово, лишен од слобода е Б.А.(27) од Тетово, кој управувал патничко возило „бмв“, со странски регистарски таблици, со брзина од 173 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 80 километри на час, информира МВР.
Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци согласно член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило".
Ново на Сител
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност