Приведени четири лица за управување возило под дејство на алкохол
Денеска (26.07.2025) во 03.20 часот на улицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници го лишија од слобода Р.А.(28) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „ауди“, управувано од Р.А. и било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2.04 промили алкохол во крвта.
Исто така во Македонска Каменица, на 24.07.2025 во 23.02 часот на улицата .„Гоце Делчев“ полициски службеници го лишија од слобода Т.Г. (49) од село Жиганци, општина Чешиново-Облешево, затоа што управувал патничко возило „шкода“ под дејство на алкохол, односно имал 1,55 промили алкохол во крвта.
Денеска (26.07.2025) во 00.20 часот на улицата „Искра“ во Кочани, полициски службеници го лишија од слобода Ф.К.(21) од Кочани, кој управувал патничко возило „сузуки“ со 1,56 промили алкохол во крвта, утврдени при контрола во патниот сообраќај.
Исто така денеска, во 02.10 часот во Виница, полициски службеници го лишија од слобода Т.Л.(33) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, било констатирано дека Т.Л. управувал патничко возило „голф“ со 1,57 промили алкохол во крвта.
Лицата се веднаш исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур