Приведен 47-годишник од Волково, превезувал мигранти
Полициски службеници од Полициското одделение за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода 47-годишниот Б.Г. од скопското село Волково. При контрола на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал тој, биле пронајдени шест лица мигранти. Три лица од Пакистан, две од Сирија и едно од Египет, се наведува во денешното соопштение на Министерството за внатрешни работи.
- Претходно, во 20.30 часот, возилото било забележано на регионалниот пат Демир Капија - Неготино, но не застанало на даден знак за запирање. Откако стигнало во Криволак, возачот и мигрантите се обиделе да побегнат, но биле фатени, се појаснува во соопштението.
Мигрантите биле сместени во прифатно - транзитен центар. За случајот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима