Македонија
4. July 2024 - 12:36

Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата на поранешниот претседател на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолески против Комисијата за дискриминација, откако таа утврди дека обвинителката Ленче Ристовска била дискриминирана со одлуката да не добие функција во вишото обвинителство. Советот на јавни обвинители образложи дека била млада, а потоа и бремена што беше доволно Комисијата да утврди дискриминација. Обвинителката Ристовска денеска ја поздрави одлуката на Управниот суд и вели дека институциите и општеството започнале да ги препознаваат формите на дискриминација кон жените.