Македонија
6. February 2023 - 12:58

Приватниците нема да блокираат, на повидок нов договор со Град Скопје

По 4 часа разговори заврши средбата на приватните превозници со градоначалничката на Скопје. Задоволни од понуденото, но договор се уште не е постигнат. Детали не откриваат но велат добиле совети и ќе следат реформи. Најавија уште една средба во текот на неделата.

Се надеваат дека за брзо време ќе се вратат на работа. За долгот кој ЈСП го има кон нив, не разговарале во детали но велат се бараат начин да се вратат во јавниот превоз и да се договараат како и кога ке им бидат исплатени пари за 6 месеци кои им ги должат. 

Повеке од 3 месеци тие не возат во јавниот превоз а поради тоа Град Скопје им го раскина договорот.

Повеќе детали во вестите во 16 часот.

 

Мирјана Давидовска