Свет
7. September 2017 - 13:04

Притворено трето лице во врска со откриените експлозиви во близина на Париз

Француските власти уапсија трет човек во врска со откриените експлозиви во париското предградие Вилжуиф.

Обвинителството на Париз соопшти дека уапсените мажи се на возраст меѓу 36 и 47 години. Двајца од нив биле приведени вчера, а третиот денеска.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колом изјави дека осомничените планирале да активираат експлозив во банка, со цел да извршат грабеж и телефонски разговарале со луѓе во Сирија.

Властите пронајдоа во стан во Вилжуиф синтетички експлозив, познат како ТАТР, кој го користеле исламски екстремисти.

Во врска со случајот се води истрага за тероризам.