Македонија
24. јуни 2024 - 7:49

Анализа: Дали Руската православна црква е инструмент за спроведување на политиките на Путин?

Руската православна црква е инструмент за спроведување на политиките на Путин, сметаат експертите од областа. Универзитетскиот професорот Герард Кестер за Сител, вели дека конфликтот меѓу Русија и останатиот православен свет претставува голема опасност. 

„Навистина изгледа дека се обидуваат да го направат тоа. Се разбира, каква била војна го покажува ова. Наместо да се поларизира проблемот, треба да се најде решение на конфликтот. Русија, морам да кажам дека има екстремистички поглед на состојбите, но одговорите не се наоѓаат од екстремистичкиот поглед на состојбите, туку со компромис“.

Американскиот професор Александер Хванг, за Сител вели дека на Русија и годи да ја има поддршката од црквата.   

Како Американци не сме запознаени со она што се случува, но веруваме дека религијата има многу важна улога. Таа улога е постојано промовирање на мирот, одржување на мирот, да се работи за мир. Како Американци, нашите религиозни луѓе, посебно христијаните, без разлика дали се православни или католици, ги повикуваме да се здружат заедно. Мислам дека ни беше доволно.  

Јана Филева од Југозападниот факултет во Благоевград вели и дека државите по принцип треба да ги потпомагаат црквите, со што би се спречило туѓо влијание. А влијанието врз православните цркви на  Балканот може да се смета како безбедносно прашање. 

Безбедност, сигурност. Дали православната религија може да биде инструмент за сигурност на државите? Категорично да. Категорично, религијата е многу силен фактор.

Во Струмица, во изминатите три дена се одржа Втората Светска Конференција за Религиски Дијалог и Соработка, на која се собраа најеминентираните истражувачи на феноменот на религијата.