Loading Video...
Свет
23. јуни 2024 - 16:51

Преглед на вестите од светот

Македонските државјани итно да го напуштат Либан и да не патуваат натаму, апелира МНР.

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава,  да ја напуштат во прва можна прилика. Исто така, апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни“.

 Оние кои имаат потреба од помош, може да се јават на СОС дежурниот телефон: +389  75 268 736.

Ова доаѓа по засилените тензии на либанската граница меѓу Израел и милитантна група Хезболах поддржана од Иран.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант пред посетата на САД кажа дека земјата е подготвена за секаква акција.

„На овие состаноци ќе разговарам за случувањата на фронтот во Газа, на либанскиот фронт и тие имаат клучна важност во овој момент. Подготвени сме за каква било акција што може да биде потребна во Газа, Либан и на други места“ - Јоав Галант, министер за одбранана Израел

Пред неколку дена, израелската војска објави дека е одобрен оперативен план за можен напад врз Либан.

Tри лица загинаа, а десетици се повредени по силен руски напад врз станбена зграда во Харков. Снимка од надзорна камера го покажува моментот на експлозијата, а едно лице за влакно избегна трагедија.

Украинскиот претседател Зеленски го нарече рускиот напад чин на терор.

Четири воздушни бомби го погодија градот - намерен чин на терор. Една бомба уништи станбена зграда во централниот дел на градот, во близина на автобуската станица. Во моментов, во градот се пријавени над 40 ранети, при што сите ја добиле потребната помош“ – Володимир Зеленски, претседател на Украина

Украина и САД месецов потпишаа 10-годишен билатерален безбедносен договор со цел зајакнување на одбраната на Украина и приближување до членството во НАТО.

Силна бура зафати делови од Србија. Обилен дожд и крупен град направи огромни штети, a најпогодени се Осечина и Ваљево, јавува РТС. Уништени се земјоделските култури, куќите и автомобилите. Жителите не паметат слично невреме.

Веќе од утре ќе почне проценката на штети.

Стотици патници се блокирани на аеродромот Манчестер во Велика Британија откако снема струја. Голем број летови беа откажано што предизвика вистински хаос.

Мислам дека многу луѓе видоа дека нивните летови се откажани и сега гледаат на алтернативни одредби, можеби ќе се вратат на станицата, на железничката станица и потоа ќе гледаат да се вратат дома или да одат од алтернативен аеродром, можеби“ - патник

Проблемот со снабдувањето со електрична енергија го погодил аеродромот и голем број други згради.

Напојувањето сега е вратено, но прекинот ќе влијае на услугите во текот на денот.