Притвор за три лица од Струмица осомничени за грабнување и силување
Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, како соизвршители, на 8 април заеднички грабнале една оштетена со намера да ја присилат на сексуален однос. Тие ја пресретнале жртвата на улица, на сила ја внеле во автомобил и се упатиле кон подземна гаража во центарот на Струмица. Таму насилно ја соблекле и еден од осомничените извршил обљуба, соопшти Јавното обвинителство.
По предлог на надлежен јавен обвинител, како што се посочува, судија на претходна постапка од Основниот суд Струмица донесе решение со кое на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
120 доброволци се обучуваат за справување со пожари
-
Национална стратегија за заштита од пожари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии