Обвинение за загрозување на сигурноста на судија во Гостивар
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се заканило дека ќе нападне врз животот или телото на службено лице – судија во Основниот суд во Гостивар.
Како што соопштуваат од Обвинителството, лицето се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
-На 29 април, во селото Вруток, обвинетиот се заканил дека ќе нападне врз животот или телото на службено лице – судија во Основниот суд во Гостивар. Заканите биле упатени во врска со вршењето на професионалните задачи кои судијата ги преземал во рамките на своите овластувања. Обвинетиот влегол во дворот на семејната куќа на судијата, го прашал дали го познава и директно почнал да му се заканува, споменувајќи поврзаност со наводна судска постапка. По упатените закани на висок тон си заминал, стои во соопштението.
Со обвинителниот предлог, како што дополнуваат, надлежниот јавен обвинител доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Ново на Сител
-
Пожар во угостителски објект во Лисиче, сопственикот пренесен во болница
-
Ограбена аптека на Бит Пазар, крадецот се заканувал со нож кон вработената
-
Ивановски: Чест е да се игра пред домашна публика
-
Кремљ: Путин и Трамп телефонски ќе разговараат во 17 часот по московско време
-
На ГП „Блато“ лишен од слобода албански државјанин, поседувал кршуми
-
Затворите се пренатрупани, во функција се ставаат електронски алки за издржување куќен затвор
-
Искршени сликите на петмината трагично загинати штипјани во Кочани | ФОТО
-
Уште 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство