Притвор за тетовец поради закани на Фејсбук кон жена и функционери од политичка партија

Основното јавно обвинителство Тетово постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетов, поведе постапка против 49-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 5 од Кривичниот законик.
-Осомничениот, на 28 октомври, од профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил видео и текст на албански јазик во кој отворено се заканил со убиство и други тешки кривични дела кон една жена и кон функционери од една политичка партија и лица со политичко уверување. Со објавата која имала навредлива, омаловажувачка, но и заканувачка содржина кај оштетената предизвикал чувство на вознемиреност и страв, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднел предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифатил предлогот и ја определи притворската мерка.
МИА
Ново на Сител
-

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје
-

Почнува аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026, првпат се доделуваат и 15 за студии по македонски јазик
-

Во Нови Сад голем коморативен собир по повод годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица
-

Белата куќа воведува ново правило со кое се ограничува пристапот за новинарите
-

Посебен режим на сообраќај на градските гробишта Бутел поради задушница
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Препладне магла по котлините, попладне сончево
-

Српската Влада го прогласи 1 ноември за Ден на жалост
