Принцовите Вилијам и Хари со улоги во осмиот дел од „Војна на ѕвездите“
Британските принцови Вилијам и Хари најверојатно ќе ги видиме во осмиот филм од сагата „Војна на ѕвездите", иако овие наводи се уште не се официјално потврдени ниту од кралското семејство, ниту од продуцентите на филмот.
Имено, двајцата благородници биле забележани на местото на снимањето, во костими карактеристични за таа франшиза, но не е сигурно дали сцените со нив ќе останат во склоп на крајната верзија на филмот, што инаку ќе се појави во кината претстојниов декември.
Светот за тоа дозна откако Џон Бојега, ѕвездата на последниот, седми филм од култниот серијал, даде интервју за Би-Би-Си.
- Преку глава ми е со тајни за принцот Вилијам. Тие беа на снимањето. Том Харди исто така, изјави Бојега.
Глумецот, којшто ќе ја репризира својата улога и во новото продолжение „Последниот џедај", откри и други подробности...
- Режисерот дојде и им рече дека е време „да ги облечат", вели натаму Бојега.
Принцот Вилијам инаку е претседател на Британската академија за филмски и телевизиски уметности.
Ново на Сител
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР