-->
-->
Пријавено исчезнување на девојчиња на 11 и 15 години и една жена
-->
Во изминатите 24 часа во полицијата се пријавени исчезнувања на две девојчиња на возраст од 11 и 15 години, и една 38-годишна жена.
Во полициската станица Гази Баба вчера во 13:00 часот Д.Џ.(44) од Скопје, пријавила дека на 1 јуни околу 14:00 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината 11-годишна ќерка.
Синоќа во 22:40 часот во Полициската станица - Штип, С.С.(46) од с.Чардаклија-Штип, пријавил дека на 1 јуни од 20:00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга А.С.(38).
Петнаесет минути по полноќ во СВР-Куманово, И.З.(37) од Куманово, пријавил дека на 1 јуни околу 15:00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 15-годишна ќерка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ