Македонија
29. October 2025 - 11:47

При претрес во струмичко пронајдена марихуана

На 28.10.2025 во с.Пиперево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода В.М.(29) од с.Пиперево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана, соопшти МВР.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.