-->
-->
При претрес во Прилеп пронајдени оружје и муниција
-->
При претрес во домот на Д.Р.(50) од Прилеп полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп пронашле и одзеле пушка „Црвена застава“ калибар 16 мм, пиштол германско производство калибар 9 мм, четири парчиња спорогоречки штапин за експлозив, детонаторска каписла број 8, 10 парчиња муниција 7,9 мм и шест ловечки патрони. За пронајденото оружје и муниција Д.Р. не поседувал дозвола.
-По целосно документирање на случајот против Д.Р. ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, казниво по чл.396 од Кривичниот законик, информираа денеска од МВР
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица